Од каде потекнува обичајот со паричката за Василица? Срамот бил голем
Македонската православна црква на 14 јануари го празнува големиот христијански празник Василица.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
На Василица верниците кршат лепче со паричка. Некои кршат вечерта на 13 јануари, а некои утрото на Василица.
Од каде потекнува овој обичај?
Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.
Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.
Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот.
Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.
Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ Исус Христос второто за Пресвета Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.
Фото: denovi.mk