Од најкратката пловидба во историјата до музејот: Шведскиот воен брод беше на дното на морето 333 години, а денес е најголемата атракција!
Фото: Profimedia
Направен е во бродоградилиште во Стокхолм и бил вооружен со бронзени топови правени специјално за овој брод. По
потонувањето, повеќето топови биле спасени во 17 век, додека со текот на
времето овој брод станал еден од најпосетуваните музеи во светот.
„Васа“ бил шведски воен брод што бил изграден од 1626 до 1628 година по налог на шведскиот крал Густав Втори Адолф, како дел од воената експанзија во војната со полско-литванската заедница. Тој цврсто верувал дека ова ќе биде најмоќниот воен брод во светот.
Вредноста на овој брод била над пет проценти од бруто националниот доход на Шведска. Но, поморската гордост на Шведска никогаш не видел битка – тој бил премногу тежок, обемен и нестабилен.
Шведската верзија на „Титаник“ потонал на 10 август 1628 година, по првото патување од само 1.300 метри.
Бродот не можел да ги издржи моќното оружје и украсите со кои бил натоварен.
Така бродот падна во заборав, сè додека не беше откриена неговата локација кон крајот на 1950-тите.
„Приказната за Васа е приказна за историско фијаско“, вели Марика Хедин, историчар и поранешен управител на „Васамусет“.
333 години бил на дното на морето
На 24 април 1961 година, бродот бил внимателно извлечен од калта - со скоро недопрен труп.
Бродот најпрво бил сместен во привремениот музеј Васаварвет („Бродоградилиштето Васа“), од каде бил пренесен во музејот „Васа“ во Стокхолм во 1988 година.
Денес, тој е една од најголемите шведски туристички атракции, а го виделе повеќе од 29 милиони луѓе од 1961 година.