Оливера Наковска Бикова еднствената спортистка што ќе ја претставува Македонија на Параолимписки игри во Париз

Македонска стреличарка Оливера Наковска Бикова (49), оваа година ќе биде еднствената спортистка од Македонија кој ќе учестува на престојните Параолимписки игри во Париз, кои ќе се одржат од 28 август до 9 септември.

Наковска Бикова ќе настапи во тристрелачки дисциплини, на 31 август, 2 и 4 септември.

Битолчанката е параолимписки победник од 2012 година на Олимписките игри кои се одржаа во Лондон.

„Аплициравме за бипартитна карта за Александар Јовановски, но за жал комисијата не ни ја додели, а одлуката беше донесена на 09.07.2024 година.Како и да е, благодарение на грантот од ИПЦ за 2024 година, и двајцата стрелци успешно завршија уште едни подготовки, резултатите на Оливера се во нагорна линија, не очекува уште многу работа, тренинзи и уште едни завршни подготовки пред заминување за Париз заради темпирање на формата“, информираат од Параолимписки Комитет на Северна Македонија.

Наковска Бикола во 2001 година во Данска стана првак на Европа во гаѓање со воздушен пиштол, каде освои златен медал.

На Светското првенство одржано во Сеул, со 562 круга, Наковска стана најдобра во тричлениот состав кој го освои сребрениот медал.

Наковска учествуваше и на Параолимпијадата во Атина во 2004 година, каде го освои шестото место на натрпеварот со воздушен пиштол.

На Светското првенство во Сарганс, Швајцарија, за само 0,1 круг не го освојува златниот медал, додека на Европскиот куп во Падова е прва со израмнет светски рекорд. Сето ова ѝ го донесе првото место на светската ранг-листа во дисциплината воздушен пиштол.

На Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во Загреб во 2010 година, во дисциплината воздушен пиштол - жени, Оливера Наковска-Бикова во конкуренција од 26 натпреварувачки го освои 3. место и бронзениот медал со резултат од 462, 4 круга (366 во основен дел). Со тоа обезбеди настап на Параолимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Фото: Фејсбук/ Параолимписки Комитет на Северна Македонија