Опасен тренд со син јазик масовно се шири на Интернет: Оваа хемикалија се тврди дека подмладува, го зголемува метаболизмот, но и ја лекува короната - објавија и лекарите

Трендот стана вирален откако корисниците почнаа масовно да објавуваат селфи фотографии со отворен јазик обоен во сино

Секојдневно на Интернет, социјалните мрежи и реклами се појавуваат нови профили и огласи на луѓе кои се претставуваат како психолози и животни тренери и земаат арч од лековерните луѓе преплавени со проблеми, кои во овие измамници ја гледаат последната капка надеж.

TikTok стана место на сите можни трендови, а покрај спрејот кој девојките масовно го прскаат во носот за да добијат темен тен, се појави уште еден. Бројни корисници на социјалните мрежи ги промовираат здравствените ефекти на метиленско сино, антигабична боја што се користи за чистење на аквариуми.

Најлошо од се‘ е што оваа промоција најчесто ја прават нутриционисти, фитнес инструктори и инфлуенсери кои имаат бројни следбеници и големо влијание врз луѓето кои ги сакаат нивните објави. За оваа хемикалија се тврди дека подмладува, го зголемува метаболизмот, но и ја лекува короната.

Трендот стана вирален откако корисниците почнаа масовно да објавуваат селфиња со отворен јазик обоен во сино. Меѓу нив е и фитнес инструкторот Бен Гринфилд, кој на стотици илјади следбеници им кажал дека оваа хемикалија е „моќен засилувач на когнитивните способности“.

Други инфлуенсери истакнаа дека го спречува воспалението на мозокот, влијае на меморијата, а некои тврдат дека е лек за Алцхајмерова и Паркинсонова болест и деменција.

Овој тренд стигна и до лекарите, кои предупредија на опасноста.

„Постои огромна разлика помеѓу фитнес инфлуенсер и квалификуван медицински професионалец. Земете лекови само ако ви ги препише лекар или фармацевт. Иако е точно дека метиленско сино се користи во некои медицински терапии, овој тип третман мора да се препише и контролира од квалификуван лекар“, рече фармакологот Хусеин Абдех и додаде:

„Земењето неконтролирано количество може да биде многу опасно. Освен тоа, може негативно да влијае на другите терапии и лекови што ги земате и да го намали или целосно да го елиминира нивниот ефект“, додаде Абдех.


Фото: Инстаграм - BENGREENFIELDFITNESS