Забава // Занимливости
Осуденикот на смрт со најдолг стаж на светот штотуку прогласен за невин од судот
- 26 Септември, 2024
Јапонскиот суд ослободи 88-годишен старец кој најдолго беше осуден на смрт во светот.
Ивао Хакамада, кој беше осуден на смрт пред повеќе од половина век, беше прогласен за виновен во 1968 година за убиство на својот шеф, неговата сопруга и нивните две тинејџерски деца.
Неодамна му беше одобрено ново судење поради сомневањата дека инспекторите можеби ги подметнале доказите што доведоа до негово осудување за четирикратното убиство.
Пресудата става крај на една од најдолгите и најпознатите правни саги во Јапонија, а Хакамада е само петтиот осуденик на смрт на кого му е одобрено повторно судење во повоената историја на земјата.