Откри дел од утринската рутина во изолација, фановите малку изненадени

Актерот Расел Кроу им откри на обожавателите на Твитер дел од својата утринска рутина, и објави фотографија на која носи маска за лице.

Омилениот холивудски актер Расел Кроу е ставен во карантин дома, како и неговите други колеги, и се чини дека актерот од Нов Зеланд користи време за изолација за нега на лице и тело.

„Недела на утро  е за маска за чистење лице. Добредојдени сте“, напиша Кроу со фотографијата. Пред неколку години, славната личност започна да објавува слични фотографии на социјалните медиуми, често пати истакнувајќи дека тој се грижи за кожата со разни третмани.

Пред неколку дена, тој испрати пораки за поддршка до сите фанови ширум светот погодени од пандемијата на коронавирус. „Ова е ужасна ситуација во која сите се наоѓаме. Грижете се за себе и за своите најблиски“, рече тој.