Откриена „Златна жица“ на тромеѓето меѓу Србија, Македонија и Бугарија: Огромни резерви на злато и сребро
Компанијата Medgold Resources со седиште во Канада објави дека пронашла прелиминарни резерви од скоро седум милиони тони руда (повеќе од 19,3 тони злато) проценета на повеќе од милијарда долари, во јужна Србија на границата со Македонија и Бугарија.
Компанијата објави дека ја започнала Прелиминарната економска проценка (ПЕА) за злато и сребро во рамките на таканаречениот проект Тламино, пишуваат од српски Телегаф.
Целта на оваа студија е да се постави рамката за одржлива економија на Проектот.
Компаниите со седиште во Велика Британија Адисон рударски услуги и Бара Консалтинг се назначени за водачи на PEA и металуршки истражувања, Reać Partners Limited, исто така од Велика Британија, е ангажиран да обезбеди насоки во областа на спецификациите на концентрат и маркетинг термини, додека металуршките тестови ќе ги изведува канадскиот АЛС Металургија .
Проектот Тламино се состои од две дозволи за истражување - Доње Тламино и Сурлица-Дукат, а секоја зафаќа околу 100 квадратни километри.