Отруен со нешто што му е ставено во чајот? Рускиот опозиционер Навални е во болница

Тој е најголем критичар на мометалната власт во Русија. Лидер е на најголемата опозициска партија и со години е на мета од медиумите. 

Алексеј Навални сега се наоѓа на интензивна нега во болница.  

Авионот со кој Алексеј летал од Томска за Москва итно слетал на аеродромот во Омск, поради влошување на неговата здравствена состојба, соопштила портпаролката на Фондот за борба против корупција Кира Јармиш, пренесува Спутник.

Се сомневаат дека е отруен.

-Претпоставуваме дека Алексеј е отруен со нешто што му е ставено во чајот. Тоа е единственото нешто што го испил од утрово. Докторите велат дека отровот побрзо се аспорбира преку жешка течност, додава Јармиш.