ОВА Е НАЈПЛАТЕНАТА РАБОТА НА КРУЗЕР: Платата оди и до пет илјади евра

Работата на брод станува се поатрактивна опција за оние кои бараат динамични работни места со добра заработка. Различни позиции, од келнери до ИТ специјалисти, нудат можности за заработка кои може значително да се разликуваат во зависност од искуството и стручноста.

Во секторот за ресторани и барови, позициите како што се стјуарди/еси бифе и помлад келнер/ки бараат основно до напредно познавање на англискиот јазик и искуство во угостителството. Заработката на овие позиции се движи од 1.520 евра до 2.132 евра месечно, со дополнителни бакшиш за понапредни позиции како келнер/ес, каде месечната плата може да достигне 3.045 евра.

За оние со кулинарско искуство, понудите се уште поразновидни. Позициите како што се лице кое е на средно раководно место и е задолжено за еден дел од кујната (chef de partie) и асистент во одреден дел од кујната (деми готвач) бараат големо искуство и напредно познавање на меѓународната кујна , а платите се движат од 1.500 евра до 3.350 евра месечно. Пица мајсторите и готвачите на пониски позиции можат да очекуваат и плати од 925 евра до 2.250 евра, во зависност од нивото на знаење и искуство.

ИТ експертите се многу барани на бродовите. Пред се, лице кое ќе биде на позиција во ИТ хиерархијата (ИТ виш офицер) може да заработува од 3.800 евра до 5.000 евра месечно, додека позициите на почетна или средна позиција во информатичка технологија (ИТ офицер) или лице на почетна или средна позиција (ИТ асистент) нудат плати од 1.400 евра до 2.700 евра месечно, со услов да имаат солидно искуство и напредно познавање на англискиот јазик.

Дополнително, работните места во производството и техничките позиции како што се техничар за осветлување и сценска екипа нудат и солидна заработка која може да достигне и до 3.300 евра месечно, со соодветно искуство.


Во фотосекторот, позицијата фотограф со напредни вештини и искуство на англиски јазик може да донесе заработка од 1200 долари месечно, со дополнителни провизии. Позициите за домаќинство нудат плати од 1.065 € до 2.435 € месечно, во зависност од нивото на искуство и позицијата, обезбедувајќи стабилни опции за оние со хотелско искуство.

Телеграф.рс