Ова е Сабрина Пастерски, на 14 години веќе знаела да прави авионски мотор: „Новиот Ајнштајн“

Сабрина Пастерски, девојка која на 14 години веќе знаела да прави авионски мотор. Таа има докторат по физика и моментално импресионира со студиите за црните дупки.
Сабрина Пастерски докторирала на Харвард и студира еден од најпредизвикувачките предмети во физиката: Црните дупки, природата на гравитацијата и простор-време. Начинот на кој се занимава со оваа тема ги натера универзитетските институции да кажат дека работат со „новиот Ајнштајн“.
Ќерка на татко Американец и мајка Кубанка, таа е родена во Чикаго и посетувала училиште за суперинтелигентни деца. Во 2013 година, таа беше првата жена во последните две децении што дипломирала на МИТ по физика, на врвот на нејзината класа.
Стивен Хокинг неколку пати ја цитираше нејзината работа во својот труд објавен во 2016 година. Џеф Безос, основачот на Амазон, носеше фан маица со нејзиниот лик и ја покани да работи во „Blue Origin“, астронаутската компанија што ја поседува. Според него, таа би работела каде сака, важно е да има таков памет. Сличен предлог и дала и НАСА.
Таа ги одби двете компании, сакајќи да се фокусира на својата научна работа засега без никаков притисок.