Ова куќа вреди 450.000 евра: Внатре е уште полошо, но една работа ја оправдува цената

Меѓу моќните вили со цени од кои ви се врти во глава, на реномираната страница за недвижности „Caldwell Banker Homes“, има куќа која изгледа како барака, но се продава за неверојатни 475.000 долари. 

Иако, повеќе личи како бункер од Виетнамската војна, оваа куќа ја оправдува својата цена од речиси половина милион долари со својата локација. Се наоѓа во Нортриџ, еден од најубавите делови на Лос Анџелес, а во описот на огласувачот стои дека е „најлошата куќа во најубавата област“. 

Куќата надвор изгледа крајно незабележително, но само фотографиите од внатрешноста даваат целосна слика за оваа куќа од хорор филмови. Работите се стари и 'рѓосани, а бањата изгледа како да е "наместена" од некој сериски убиец. 

Искрен огласувач напиша дека на куќата и треба целосно реновирање (читај уривање), но дека нејзиниот главен адут е што се наоѓа во еден од најубавите делови на Лос Анџелес.

Фото: printscreen