Оваа жена ја обвинуваат за катастрофата со пожарите во Лос Анџелес: Една нејзина одлука создаде голем проблем

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100.000 добија наредба да се евакуираат во најразорните шумски пожари што некогаш го погодиле Лос Анџелес. Во екот на оваа катастрофа, гневот на граѓаните се повеќе е насочен кон една личност – градоначалничката Карен Бас, која многумина ја обвинуваат за размерите на оваа трагедија.

Овaa незапамтена огнена стихија веќе два дена уништува се што ќе ѝ се најде на патот во јужна Калифорнија, загрозувајќи ги животите на илјадници луѓе, уништувајќи домови, но и градски знаменитости.

Повеќе од илјада згради беа уништени, стотици илјади луѓе беа евакуирани, додека многумина останаа без покрив над главата.

Имено, градоначалничката Карен Бас го намалила буџетот на противпожарната служба за 17,6 милиони долари неколку месеци пред да избие пожарот. Граѓаните сметаат дека овој потег директно ги намалил шансите на пожарникарите да се справат со пожарите кои ја зафатија Калифорнија.

Според официјалните податоци на градот, ова драстично намалување на финансирањето на противпожарната служба претставува второ најголемо намалување во буџетот на градот за фискалната 2024/2025 година.

Во исто време, буџетот на полицијата е зголемен за 126 милиони долари, според графиконот објавен од контролорот на градот Лос Анџелес.

Според Њујорк пост, градоначалничката Бас наводно планирала дополнителни буџетски кратења за пожарникарите, што ја налутило јавноста.


Гневот на граѓаните порасна кога беше откриено дека таа била во Африка за време на пожарот, присуствувајќи на инаугурацијата на претседателот на Гана, додека Лос Анџелес гори.

Нејзините одлуки и отсуство во време на криза предизвикаа бран критики и осуди, како кај граѓаните, така и кај пошироката јавност.

Таа, сепак, се огласи вчера по избувнувањето на пожарот на социјалната мрежа Х.

„Ги советувам жителите на Лос Анџелес дека невремето се очекува да се зголеми во текот на утрото и ги повикувам да ги следат локалните совети, да останат внимателни и да останат безбедни“, објави Карен Бас на нејзиниот X профил.