Овие дрва „СОЗДАВААТ ВДОВИЦИ“
Постојат неколку чудесни места во природата што ги тераат луѓето да одлучат да патуваат кон другиот крај на светот. Оваа необична шума е една од оние природни убавини, но она што многу туристи не го знаат е колку е опасно ова место.
Шумата на еукалиптусите е нешто што треба да се запамети за цел живот. Шарени стебла и гранки може да се видат во тропските шуми на Индонезија, Нова Гвинеја и Филипини.
Долгиот еукалиптус може да достигне дури 75 метри, а покрај неговата интензивна боја, се карактеризира и со освежувачки мирис кој потсетува на мирисот на бор, нане и мед.
Интензивните нијанси на зелена, црвена, портокалова и виолетова боја создаваат ремек-дела на природата. Боите на еукалиптус и различни мотиви се како отпечаток од прсти, нема два исти.
Иако тие се убава декорација, еукалиптусот не е препорачливо растение во близина на домови, бидејќи на корените што плитко се шират во почвата и лесно можат да ги оштетат цевките, околу кои понекогаш може да се завиткаат.
Нивните лисја се отровни, а дрвјата лесно горат
заради есенцијалните масла што ги ослободуваат. Една од интересните
карактеристики на еукалиптус е тоа што ги отфрла старите гранки и кората, па
затоа е опасно да се остане под неговата крошна. Поради бројната смртност на шумските
работници во Австралија, постои изрека дека шумите од еукалиптус „создаваат
вдовици“, пишува Пун Куфер.