Пасошите ги има само во 4 бои: На кое место е Македонија според моќноста, а кој е прв?
На врвот на листата е Јапонија, Јапонците може без виза да патуваат во 193 земји низ светот.
Но, така е само на хартија. Во реалноста, поради корона-мерките, Јапонците моментално имаат пристап најмалку до 80 проценти од дестинациите во светот.
На второто место е Сингапур, со можност за влез во 192 земји. Потоа следат Јужна Кореја која го дели третото место со Германија, со можност за влез во 191 земја во светот.
На четврто место се Финска, Италија, Луксембург, Шпанија, на петтото место се Австрија и Данска, додека Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска се на шестото место.
САД и Велика Британија се на седмото место, заедно со Швајцарија, Белгија и Нов Зеланд. Моќта на пасошите на САД и на Велика Британија постепено опаѓа од 2014 година. Во теорија, Американците и Британците може да отидат во 187 дестинации, но во реалноста пристап имаат на околу 60, односно 61 дестинација.
На осмото место се Чешка, Грција, Малта и Норвешка, на деветтото место се Австралија и Канада, додека Унгарија е на десеттото место.
На кое место е нашата земја?
Македонија се наоѓа на 46 место, со македонскиот пасош може да се патува во 126 земји. Што се однесува до другите земји од регионот, Словенија е на 12 место и со словенечки пасош без виза може да се патува во 192 земји. Србија е на 38 место и нејзините граѓани може да влезат без виза во 139 земји. Пасошот на Црна Гора е на 47 место и овозможува влез во 124 земји. Босна и Херцеговина е на 53 место.
Што се однесува до земјите со најслаб пасош, најлошите позиции ги заземаат Северна Кореја, Непал, Сомалија, Јемен, Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан.
Но, Дали знаевте дека пасошите ги има само во 4 бои?
Да, пасошите на сите земји во светот се црвени, сини, црни или зелени. Очигледно, овие бои доаѓаат во различни нијанси, но тоа не го намалува фактот што сите други бои се изоставени.
И тоа не е сè. Секоја од овие бои има свое значење - политичко, географско, религиозно, итн. Да разјасниме.
Црвената е најчеста боја на пасош. Многу земји од сегашниот (Кина на пример) или поранешниот комунистички режим (како Русија) имаат црвени пасоши. Сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска, имаат и пасоши во различни нијанси на црвена боја, најчесто бојата на Бургунди. Исто така, земјите што сакаат да влезат во ЕУ, како што се Турција и Албанија, симболично ја сменија бојата на нивните пасоши во црвена боја. И Македонија има пасош во боја на Бургинди, односно темно- црвена боја. Со тоа на еден начин покажува дека се стреми кон Европската унија.
Инаку, Црната боја на пасошот е најретка. Само десетина држави во светот имаат црн пасош, а причината е главно географска или политичка. Меѓу нив има некои африкански земји, како Ангола, Чад, Конго и други. Нов Зеланд е една од ретките земји што се определи за пасоши во црна боја, бидејќи црната е нивната национална боја.
Сините пасоши се карактеристични за земјите од Нов свет, т.е. за Австралија и земјите од Северна, Централна и Јужна Америка. Андската заедница на земји, составена од Колумбија, Боливија, Еквадор и Перу е исклучок - нивните пасоши се црвени.
Од друга страна, Индија, Казахстан, Украина, Белорусија, Канада, БИХ, Сомалија и Кенија се само некои од државите чии пасоши имаат и синикорици. САД често пати ја менуваа бојата на патните исправи - од црвени во зелени до денешните сини.
Повеќето муслимански земји имаат пасоши со зелена боја. Имено, во муслиманскиот свет, зелената е симбол на верата - се смета за омилена боја на исламскиот пророк Мухамед и симбол на животот и природата, така што државите чие население ја исповеда оваа религија во најголем дел имаат зелени пасоши. Примери се Мароко, Алжир, Пакистан, Индонезија, Саудиска Арабија и многу други.
За одделни земји во Западна Африка, зелените пасоши ја симболизираат нивната поврзаност со ECOWAS (Економската заедница на западноафриканските земји), исто како што е случајот со пасошите на Европската унија.
Овие се само некои од најчестите и добро познати симболики зад бојата на пасошите на различни земји. Има некои, да ги наречеме „отстапувања“ - веќе ги спомнавме Хрватска, потоа Либија и Јемен кои, иако муслимани, немаат зелени, но сини пасоши, итн. Иако имаме четири основни бои, нивните нијанси се разновидни.
На пример, Сингапур има црвено-портокалова боја на пасош, додека патните исправи во Швајцарија се светло црвени.
Пасошите се менуваа и се развиваа со текот на времето - многу земји ја сменија бојата и дизајнот на корицата низ историјата, а со напредокот на технологијата и технологијата се воведоа нови безбедносни карактеристики. Бројни знаци, кодови и симболи, дизајнирани да спречат фалсификување на пасоши, се видливи само под УВ светло, што ги прави скриени од човечкото око.
Сепак, одредени пасоши имаат „скриени пораки“. Поточно, во најновиот дизајн на нивните патни исправи, некои земји направија измени во нивниот естетски и „забавен“ карактер. На пример, пасошот на Канада под ултравиолетово светло се оживува целосно - навидум обичните страници одеднаш стануваат живописно украсени.
Слично е на норвешкиот пасош, на чии страници УВ-светлината покажува илустрација на поларна светлина. Финска, од друга страна, направи нешто сосема друго. На секоја лева страница од финскиот пасош има една илустрација за животно кое живее на територијата на оваа земја. Како и да е, на секоја десна страница, во долниот десен агол, има слика на лос, дизајнирана да создаде илузија за движење на лос.
Погледнете како изгледа навистина:
Некои туристички дестинации имаат необични печати, како што се Велигденските острови или Мачу Пикчу. Иако тие се дел од Чиле и Перу, од кои во никој случај не се независни, тие на своите посетители им нудат можност да го испечатираат својот пасош со печат на несекојдневен изглед и со тоа да ја овековечат нивната посета. Наспроти тоа, посетителите на Ватикан нема да имаат официјална потврда на нивниот патнички документ дека престојувале во најмалата земја во светот.
Шефовите на држави и блиските членови на нивните семејства, но и другите владини претставници се доволно среќни да поседуваат т.н. дипломатски пасоши. Овие пасоши обезбедуваат бројни привилегии, како што се влез во многу земји без потреба од виза, ВИП третман на аеродромите ширум светот и слично.