Патнички авион заврши заглавен под надвозник, но како?

Превозот на авион никогаш не е лесна задача, која еден возач на камион неодамна ја откри на потежок начин, заглавувајќи се со огромен модел Ербас А320 под индиски надвозник ...

Локалните медиуми јавуваат дека овој А320 претходно бил во сопственост на Ер Индија и бил на пат од меѓународниот аеродром Индира Ганди во близина на Њу Делхи. Авионот бил пренесен преку автопатот Гуруграм-Делхи кога удрил во горниот дел од пешачкиот надвозник и заглавил. Честопати можеме да видиме камиони што „престојуваат“ под такви надвозници и мостови поради лошата проценка на возачот, но ова е дефинитивно првпат еден авион да заглави на овој начин.

Говорејќи пред новинарите во „Тајмс оф Индија“, претставници на аеродромот во Делхи потврдија дека авионот е отпишан: „Авионот повеќе не припаѓа на флотата и националниот аеродром на нашата земја, и како што можете да видите на снимката, тој беше транспортиран без крилја. Авионот беше отпишан и продаден, додека возачот едноставно погрешно ја процени можноста да помине под овој надвозник за да го пренесе до новиот сопственик “, се вели во официјалното соопштение.

Снимката од целиот инцидент ни го покажува сообраќајот што нормално тече заобиколувајќи го заглавениот авион, за кој не се знае колку долго бил под подвозникот, ниту начинот на кој бил извлечен. Што и да се случило подоцна, сосема е сигурно дека и мостот и трупот на авионот се оштетени во овој необичен настан.