Платното во кое Исус бил замотан после смртта: На него е пресликан и ликот и телото

Торинското платно (италијанскиSindone di Torino , „Свето платно“, „"gia sindóne“,“sacra sindone”) е името за една од најпознатите христијанси реликвии, која претставува ленено парче, на кое може да се препознае втисок на машкото тело. Го добил името по Катедралата Св. Јован Крстител во Торино каде и се чува. 

Според верувањето на многу верници, платното претставувало прекривање во кој Исус бил завиткан по неговата смрт на крстот. Лемент, како што објавила во нејзината неодамнешна книга за Светото платно вели: За време на реставрацијата и темелното испитување, пронајдени се и траги од натписи на папирус. Беа поставени веднаш до платното. Тие - на арамејски, грчки и латински - тврдат дека Исус е од Назарет. Фреј тврди дека ова е трага од едноставен бирократски документ за погребување или погребување во гробница.

Во 1988 година, анализата на платното со метод на радиокарбон покажа дека староста на платното е од 1262 до 1384 година, но и многу порано.

Структурата на ткаењето и хемијата на платното одговараат на текстилните материјали користени во минатото токму во времето на Исус, но не и на оние што се користеле во европскиот среден век.

На него се верува дека се наоѓаат траги од крвта но и ликот на Исус.

За платното се врзани достра контроверзи. Низ вековите е пренесувано од земја во земја, од храм во храм. Претрпело пожари но никогаш не било цеосно опожарено, чувано е како едно од најсветите нешта и покрај налетите на крадците.

Не се знае точно као настанале втиснатите мотиви. Во 1977 година, двајца американски научници, рекоа дека ваква сликата може да се создаде само со зрачење. Во моментот кога воскреснал Христос, имало ли таква концентрација на енергија што неговата слика на телото е втисната на платното? Слични ефекти се познати уште од времето на атомската експлозија во Хирошима. Останува збунувачко какви енергии работеле во Ерусалим таа велигденска ноќ ...