Племе кое ги чести гостите со секс
Жената се дава на гостинот да спие со неа додека сопругот спие во друга просторија.
Полу-номадските народи Овахимба и Овазимба живеат во областите Кунене и Омусати во северна Намибија. Вообичаено е жените да се занимаваат со активности како што се молзење крави и одгледување деца додека мажите одат на лов, а понекогаш се отсутни на многу долго време.
Со повеќе од 50.000 членови, Химба е полигамно племе во кое девојчињата се мажат за машки партнери избрани од татковците кога ќе достигнат пубертет, пишува pulse.ng.
Голем дел од нивната култура преживеа и покрај влијанието на Западот.
Една од нивните традиции е правилото „мажот е на прво место“. Жената има малку или воопшто нема мислење при донесување одлуки. На прво место е послушноста кон барањата на сопругот.
„Кога гостин тропа на вратата, мажот го покажува своето одобрување и задоволство да го види својот гостин, со обичајот „окужепис омуказенду“- жената му е дадена на гостинот да спие со неа додека сопругот спие во друга просторија. Ако нема друга просторија на располагање, сопругот спие надвор, пренесува Гардијан.
Ова ја намалува љубомората и ја зајакнува врската.
Друга традиција што го издржа тестот на времето е правилото „без капење“. Наместо да се бањаат, жените прават „опуштачка бања“ и ставаат ароматична смола на кожата. Тие се водени од верувањето дека црвената боја ги симболизира земјата и крвта. Нивната црвена кожа е она што ги прави уникатни. Црвената боја е паста направена од инсекти и растенија, а нејзината функција е да ја штити кожата од врелото сонце од пустината и каснувањата од инсекти.