Почнувајќи од 16 јуни, Македонија се ослободува од мерките: Координативниот кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести

1. укинување на ограничувањето на движењето;

2. сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%;

3. се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.