Подгответе се: Четврток ќе биде најсреќен за овие 3 хороскопски знаци
- 08 Октомври, 2020
Девица
Оваа недела нема да имате многу среќа на љубовен план, но не очајувајте - претстојат поповолни денови. Ова е период совршен за дружење и склопување нови пријателства. Работата ќе ви оди во нагорна линија, можно е напредување. Најсреќен ден за вас ќе биде четврток.
Јарец
Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Во четврток ќе следи повик од личност со која не сте биле во контакт извесно време и тој ќе ве направи многу среќни.
Риби
Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана! Времето поминато со партнерот е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, во четврток ќе треба да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале.