Погледнете- Иднината на авио- патувањата: Капсули како саќе

Лондонското студио за дизајн, кое претстави неколку концепти на авионски седишта во ерата на коронавирусот, овојпат нè воодушевува со својата нова идеја

Всушност, тие сега го обновија својот 3-Д дизајн, надевајќи се дека ќе понуди нови и побезбедни опции за прва и деловна класа. Концептот Air Lair, потпишан од Factorydesign London, се состои од капсули кои се интегрирани едни со други, нудејќи приватност, хигиена и доволно простор. Дизајнерите ја дизајнираа внатрешноста на авионот да изгледа како саќе.

„Идејата за создавање е изградена околу принципот секој патник да добие свој приватен простор. Природата на нашиот концепт бара таван внатре во секоја капсула, што, во комбинација со дополнителен мебел околу патниците, создава чувство на удобност и безбедност “, изјави Питер Теент, директор на Factorydesign.

Дизајнот на саќе ни кажува дека капсулите се распоредени геометриски, така што тие можат целосно да ја полнат внатрешноста на авионот. 

Според Тентен, патниците ќе можат да контролираат бројни елементи на нивните седишта, како што се температурата и протокот на воздух, без истовремено да влијаат на остатокот од авионот. 

Иако потенцијалната револуција на ова поле е сè уште далеку, многу е можно да се додадат одредени елементи од дизајнот на Air Lair на постојните авиони. Дали ова ќе биде иднината на нашите патувања, останува да видиме