Погледнете го ова: Светска мапа што ќе ве запознае со Македонија на сосема нов начин

Креативниот тим дизајнираше интерактивна мапа каде можеме да научиме повеќе за земји низ целиот свет преку текстови ...

Па, дали знаете што се случува кога комбинирате поезија и географија?

Ова ви го овозможува Веб-страницата OpenStreetMap Хаику, потпишана од Сателитско студио.

Таа работи со кликнување на виртуелна мапа, на кое било место во светот (вклучувајќи ја и Македонија), а програмата веднаш ќе состави хаику што ја опишува локацијата што ја барате.

Стиховите се распоредени со употреба на база на податоци за продавници, квалитет на воздухот, времето во текот на денот и ноќта и другите параметри. Изберете градови или области во Македонија (до душа нема за повеќето од нашите градови, но по области има) или дестинации што отсекогаш сте посакувале да ги посетувате и подобро да ги запознаете на овој необичен начин.

Оние што претпочтаат Хаику можат да бидат разочарани затоа што страницата е наменета само за забавни цели, па авторите бараат да не се запази почитувањето на бројот на слогови. Песните понекогаш се хумористични, понекогаш чудни или бесмислени, но сепак ја „убиваат“ монотонијата.

Ако го обележите Скопје или Скопскиот регион, на пример, во слободен превод, ќе добиете:

Добро утро

од изгрејсонцето

Во Охрид, поточно Пештани и Градиште, наидовме на ова хаику:

Во средината на денот

Добар ден

Лов на паркиралиште