Појако нешто не сте гледале: Црногорска урнебесна реклама за коронавирусот
Промотивно видео од Црна Гора во кое се укажува на важноста на превентивните мерки во борбата против коронавирусот стана хит на социјалните мрежи.
Во видеото, гледаме црногорско семејство како руча на маса пред куќата, а баба со визер им плете.
Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на ќерката, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, тој носи маска правилно, ги мие и ги дезинфицира рацете“.
После тоа, ќерката му покажува на таткото слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Тој е убав, но не дозволувај да ти се приближи на два метра“.
На крајот на рекламата, гледаме романтична вечер во автомобилот, а кога младичот ја соблекува маската и оди кон девојката, го прска со средство за дезинфекција, а потоа се открива дека воопшто не е таа во автомобилот, туку нејзиниот маскиран татко.
Промотивното видео се појави на каналот „Јутјуб“, и се вели дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација.
Видеото доби над 100.000 прегледи за само два дена, а брзо почна да се шири на социјалните мрежи чии корисници беа воодушевени.
"Ова го направи мојот ден", "Најдоброто рекламирање досега", "Ова е генијално за мене. Реклама што сигурно ќе ја запомните" Не сум виделпојака реклама, хит, хитиште“, беа само некои од коментарите.