Жално-Поларните мечки на чекор до исчезнување: Загрозен вид кој забрзано го снемува
Со моделирање на употребата на енергијата на поларните мечки, научниците ги пресметале границите на издржливост на овие животни. Според сценариото со високи емисии на штетни гасови и со ефектот „стаклена градина“, многу веројатно е дека сите групи поларни мечки, освен мал број од крајниот север, ќе исчезнат до 2100 година. Дури и ако се исполнети само основни услови за намалување на емисијата гасови, бројот на овој животински вид значително ќе се намали.
– Поларните мечки веќе се „на врвот“ на светот. Ако мразот исчезне, тие нема каде да одат, вели д-р Стивен Амструп, водечки научник во овие испитувања.
Тој објаснува дека мечките ќе останат без младенчиња… Тие ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесни масти за да произведат млеко.
Месојадците се потпираат на морскиот мраз на Арктичкиот океан за да ловат фоки. Како што мразот се топи, животните се принудени да изодуваат сѐ подолги растојанија за да најдат храна и за себе и за своите млади…
Поларните мечки се наведени како загрозен вид од Меѓународната унија за зачувување на природата, а климатските промени се клучен фактор за нивно исчезнување.