ПОРАКАТА Е ЈАСНА: Германски пилот на небото нацрта шприц долг 70 километри! (ФОТО)

Многу убедливо

Германскиот пилот Сами Крамер се вивна на небото непосредно пред католичкиот Божиќ и на небото нацрта огромен шприц, сакајќи да ги потсети луѓето на почетокот на кампањата за вакцинација против ковид-19 во Европа.

20-годишниот пилот ја замислил маршрутата на ГПС уред пред да полета на небото кај езерото Констанца на југот на Германија.

Летајќи на надморска височина од 5.000 метри, тој нацртал замислена патека во форма на шприц долг 70 километри, што може да се види на популарната веб-страница на flightradar24.

Неговиот лет на 23 декември траеше нешто повеќе од еден час помеѓу Фридрихшафен и Улм.


„Сè уште има релативно многу луѓе кои се спротивставуваат на вакцинацијата, а мојата постапка може да ги потсети да размислат за тоа“, рече Крамер за телевизијата Ројтерс во неделата.

„Можеби тоа беше и малку знак на радост, бидејќи пандемијата многу ја погоди авионската индустрија“, рече Крамер.

Германија официјално започна кампања за вакцинација против ковид-19 во неделата. Федералната влада планира да дистрибуира над 1,3 милиони дози вакцини на локалните здравствени власти до крајот на оваа година и околу 700.000 неделно до крајот на јануари, пренесува Ројтерс.


Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Лета со денови, никогаш не е соборен: Ова е најскапиот и најмоќниот авион некогаш создаден