Поранешната на Алек Болдвин не личи на себе: Од најубава во Холивуд со непрепознатлива во јавноста сега

Некогаш важеше за една од најсексапилните дами во Холивуд

Познатата холивудска актерка Ким Бесинџер на самиот почеток на кариерата го освои Холивуд, а многу брзо стана синоним за убавина.

Освен тоа, ја красеше раскошен талент, а на нејзината убавина и харизма не ѝ одолеаа некои од најголемите заводници од тоа време, како Ричард Гир, Принц, продуцентот Џон Питерс, но и Алек Болдвин со кој неколку години уживаше во бракот.

Сепак, покрај нејзината извонредна убавина, раскошниот талент и планетарниот успех, познатата актерка ја придружуваа и некои не толку убави приказни - имено, странските медиуми често пишуваа за нејзиното многу арогантно и каприциозно однесување, но и дека не е имуна на дрога и алкохол, и раскажалено трошење пари.

Актерката со години не се занимава активно со актерство, а како што пишуваат американските медиуми, веќе подолго време се бори со напади на паника и анксиозност, поради што ретко ја гледаме во јавноста. Дури и кога ќе се појави, актерката се крие зад големите очила за сонце, меѓутоа, забележливо е дека актерката денес изгледа многу поразлично од порано.


Имено, актерката во последните години направи бројни естетски зафати, а кога се појави на еден настан пред две години, многумина беа изненадени од глетката - актерката го покажа своето искривено лице на кое тешко се забележуваше каков било израз .

foto>Profimedia

Исто така, неодамна папараците ја снимија кога со автомобилот се возеше до фризерски салон во Лос Анџелес. Во тој момент таа немаше ни трошка шминка, а на нејзиното лице јасно се гледаа последиците од бројните естетски зафати.


Насловно фото: Инстаграм