Поучна приказна која боли: Старецот, жената и јајцата од 6 денари
На социјалните мрежи масовно се споделува приказната чиј автор не знаеме кој е но, која ние пак решивме да ја пренесеме и споделиме со вас. Сакале да признаеме или не навистина ја отсликува реалноста на денешното општество колку и да не боли, но против тоа не можеме. Ако ништо друго барем ќе извлечете една поука која ќе ви го покаже начинот на кој треба да постапувате. Името сами го ставивме и решивме приказната да се вика „Старецот, жената и јајцата“.
Се почнува вака:
Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач и одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за 30 денари или ќе заминам”.
Стариот продавач одговорил: „Дојдете да ги земете по цената што ја сакате. Можеби ова е добар почеток, бидејќи денес се уште не сум продал ниту едно јајце. Таа ги зеде јајцата и си замина со чувството дека победила. Влезе во нејзиниот скап автомобил и отиде во еден убав ресторан со нејзиниот сопруг. Таму таа и нејзиниот сопруг нарачаа што им душа посака. Од нарачаното изедоа дел, додека поголем дел оставија. Потоа отидоа да ја платат сметката. Нивната сметка беше 1400 денари. Таа остави 1500 денари и му порача на сопственикот на ресторанот да го задржи кусурот. Овој настан можеби изгледа сосема нормален за сопственикот, но e многу болен за сиромашниот продавач на јајца.
Поентата е „Зошто секогаш покажуваме дека имаме моќ кога купуваме од сиромашните?“ И зошто ние сме великодушни со оние кои дури и не им треба нашата великодушност?
Јас еднаш прочитав некаде: „Татко ми често купуваше обични производи од сиромашните луѓе по високи цени, иако не му требаа во тој момент. Понекогаш дури и плаќаше повеќе за нив. Јас бидејќи бев загрижен заради оваа негова навика го прашав зошто го прави тоа? Тогаш тој ми одговори: „Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете” .
Знаеме дека повеќето од вас нема да ја споделат оваа порака, но ако сметате дека луѓето треба да го видат ова, тогаш ширете ја оваа поучна приказна.