
Живееме во време на бесмислици и трендови... Па, во контекст на тоа, дебелината почна да добива модели, да биде прифатена со измислени термини како „Позитивност на телото“ и слично. И благодарение на ова, медицинската реалност на дебелината почна масовно да се игнорира.
Приложената фотографија е вистинска рендгенска снимка што го покажува силниот контраст помеѓу човечкиот скелет и вишокот телесна маса кај тешка дебелина.
Коските се исти како и на сите други, но се под огромен стрес.
Ова не е само прашање на изглед
• ‘Рбетот е згмечен под притисок
• Колковите и колената се деформираат со текот на времето
• Срцето е преоптоварено
• Органите како што се црниот дроб и панкреасот стануваат преоптоварени
• Ризикот од рак, мозочен удар и дијабетес брзо се зголемува кај дебелите луѓе
Маснотијата не е само „вишок“... Таа е опасна.
Таа не е убава. Таа е смртоносна!
Дебелината е хронична и комплексна болест, а не тип на тело. И само ако престанеме да ја прифаќаме како тип на тело, слобода на избор итн., може да се третира и спречи. Од социолошка гледна точка, дебелината е подарок од либералниот капитализам за денешниот човек.