Продадена на аукција за 4 милиони долари: ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА
Нобеловата награда доделена во 1963 година на професор од Кембриџ за револуционерна работа во областа на централниот нервен систем беше продадена пред неколку годни на аукција во Лос Анџелес за близу 800.000 долари.
Според АФП, златниот медал од 23 карати, кој му бил врачен на британскиот физиолог и биофизичар Алан Лојд Хоџкин (1914-1998), бил купен од анонимен колекционер. Почетната цена на медалот, на кој е изгравиран ликот на Алфред Нобел од едната страна, и името на лауреатот од другата, и годината кога е предаден, беше 450.000 долари.
Една друга Нобелова награда достигна 765 000 американски долари на аукција. Од почетокот на 2014 година, десетина Нобелови медали се продадени преку аукции. Нобеловата награда за мир, која во 1936 година ја доби аргентинскиот адвокат и политичар Карлос Сааведра Ламас, пронајдена во заложна куќа, беше одземена за 1,16 милиони долари.
Сепак, медицината држи апсолутен рекорд: Нобеловиот медал, кој му беше доделен на американскиот научник Џејм Вотсон во 1962 година за откривање на структурата на ДНК, достигна астрономска цена од 4,76 милиони долари на аукција одржана во декември 2014 година.