Проклетството на ГОЛЕМИОТ: Смртта ќе ги стигне оние што го нарушуваат спиењето на фараонот

До 1930 година, починаа 22 луѓе кои учествуваа во отворањето на гробот на Тутанкамон. Археолозите, и членовите на нивните семејства, починале од страшни болести или чудни несреќи...

Над саркофагот се наоѓаше натпис: „Смртта ќе ги стигне оние што го нарушуваат спиењето на фараонот“, но никој не обрнуваше внимание на тоа. Ама, шест лица од експедицијата што го откриле гробот на Тутанкамон во 1922 година, ненадејно починале и тоа шест недели по отворањето на гробот, па тогаш почнале да се шират приказни за проклетството на фараонот.

Два месеци по отворањето на гробот, почина и финансиерот на експедицијата, лорд Карнарвон. Ден по неговата смрт, неговиот пријател Џорџ Голд влегол во гробот, развил висока температура и починал.

Но, експертите предупредуваат дека смртните случаи не се поврзани. Тие го кажуваат ова тврдејќи дека откривачот на гробниците Хауард Картер починал од природна смрт 17 години по неговото големо откритие. Но, стравувањата од смртоносно проклетство на фараонот се појавија откако експертите, за прв пат по нивното откритие, го тргнаа саркофагот на Тутанкамон од неговиот гроб. Ковчегот е преместен во музеј „за прв пат да биде реставриран откако бил откриен гробот“, пишува SAN. „Ковчегот претрпеl многу штети, вклучително и пукнатини во златните слоеви“, изјави експертот Еиса Зидан, додавајќи дека работата за обнова на ковчегот, направен од дрво и покриен со злато, ќе трае околу осум месеци.

Кога британскиот археолог Хавард Картер и неговите колеги влегоа во последната просторија во 1923 година - гробот на фараонот Тутанкамон - најдоа неописливо богатство со три саркофази. Последниот саркофаг направен од 110 кг. чисто злато го сокри балсамираното тело на младиот Тутанкамон.

Најпознатиот од античките фараони владеел од 1332 до 1323 година п.н.е. Тој ја презеде власта кога имаше 10 години и почина на 19-годишна возраст под мистериозни околности. Некои археолози веруваат дека тој бил убиен, но повеќето веруваат дека тој починал во несреќа. 

Носел постхумна златна маска на лицето, која е најпозната од 5.000 скапоцени предмети со непроценлива вредност, пронајдени во гробот на Тутанкамон.

Британскиот археологКартер го откри гробот на 18-ти династиски крал во Долината на кралевите во Луксор во 1922 година. Гробницата беше непроменета и содржи околу 5.000 предмети обложени со дијаманти, брилијанти, сафири, бисери, смарагди и рубини.