Пронајдоа куп златници од по 24 карати: Големо израелско откритие

Млади Израелци откриле стотици златни монети, скриени во глинен сад кој бил под земја повеќе од илјада години. Младите доброволно копале во центарот на Израел, каде се очекува да започне работата за изградба на нова населба. Богатството било скриено пред 1.100 години и било осигурено дека без разлика што ќе се случи, ќе биде тешко некој друг да го пронајде и да го извади. 


Станува збор за 425 златници од по 24 карати, кои датираат од 9 – от век од периодот на калифатот на Абаситите. Со оваа сума, можело да се обезбеди луксузен дом во главниот град на Египет.