Путин супериорен: Спутник вакцината е сигурна како и калашников

Рускиот претседател Владимир Путин уште кога се појави вакцината Спутник V беше убеден дека таа е токму добра што цел свет ќе ја бара. И така беше. Спутник V е одобрена во повеќе од 60 земји, кои заедно имаат 3,2 милијарди жители, според RDIF, кој ја продава вакцината.

Тој исто така изјави дека руската вакцина против коронавирус Спутник V е сигурна исто колку и пушката калашников.

Оваа изјава на рускиот претседател следи откако здравствените власти во Русија ја одобрија вакцината Спутник лајт.

Спутник лајт официјално беше одобрена вчера и тестирањата покажаа дека обезбедува заштита од 79,4%. Oд оваа вакцина е потребна само една доза.

Спутник V е првата регистрирана вакцина против коронавирус, а руските власти ја одобрија уште во август минатата година.

Путин додаде дека Русија произвела „лесна“ верзија на Спутник V, која сега е достапна во земјата. Оваа верзија се дава само во една доза и е скоро 80 ​​проценти ефективна, според RDIF.

Полесната верзија на вакцината делува побрзо, но и нејзиниот заштитен ефект трае пократко, според информациите објавени претходно.

Русија сега има четири вакцини против ковид-19 и произвеле 31,9 милиони дози.

9,4 милиони Руси, или 6,4 проценти од населението, биле целосно вакцинирани, а 9 проценти ја примиле првата доза, рече вицепремиерката Татјана Голикова.