Работник добил отказ бидејќи отворил боледување за да замине на скијање: Го тужел работодавачот и добил отштета од 14 000 евра (ВИДЕО)

Веројатно сите знаеме некој кој земал боледување за да заврши некоја приватна работа или да замине на одмор. Но, што ќе се случи ако шефот ја открие измамата?

Нема да ви се верува, но вработен во банка тужел фирма која открила дека го злоупотребил боледувањето и добил отштета од цели 14 илјади евра. Како да се докаже злоупотребата на боледувањето и дали е вистина дека ниту трудниците не можат да го искористат за да одат на одмор? На овие прашања адвокатот Александар Радивојевиќ и директорот на здравствениот дом Палилула д-р Александар Стојановиќ дале одговор во емисијата на српската ТВ Прва.

Директорот на Здравствениот дом, д-р Александар Стојановиќ, смета дека секое трето боледување е незаконско, но дека е исклучително тешко да се открие. Во овој случај, адвокатот Радивојевиќ смета дека и газдата направил нешто незаконско, а тоа е фотографирање лице без дозвола од надлежните органи, што се прави само во конкретни ситуации кога МВР дава дозвола за некоја повисока цел.

Кога работникот е должен да го извести шефот пред да го уплати патувањето, на кои правилни начини работодавачот може да докаже злоупотреба и кои се најчестите причини поради кои луѓето земаат боледување, подетално погледнете во прилогот ПОДОЛУ.



Foto: Prva TV Printscreen