Рекорд: Ким Кардашијан опасно се приближува до Роналдо

Најпознатата светска старлета Ким Кардашијан е најпознатото лице на планетата според параметрите на социјаланите мрежи.

Таа е толку влијателна што се проценува дека секој втор човек на земјината топка го знае нејзиното име и како изгледа.

Токму затоа има најмногу следачи на Инстаграм од женските познати ѕвезди, вкупно 190 милиони. За таа бројка, им се заблагодари на следбениците и напиша дека многу ги сака со потсетување да не заборават да гласаат на претстојните американски избори за претседател.

А, човекот со најмногу следбеници на Инстаграм е фудбалерот Кристијано Роналдо, вкупно 240 милиони. Дали Ким ќе го престигне?