Руска Атлантида: Необичен град кој со години „спие“ под вода
Околу 200 километри северно од Москва, црковната кула што се издига од островите на Волга го задржува сеќавањето на историскиот дел на Каjазин, кој самите Руси го потопија кон крајот на 1930-тите за да направат хидроцентрала. Темелите на цркват останаа под вода, а кулата остана да служи како светилник.
„Осамената кула што стоеше на островот и привлекуваше интерес на туристите требаше да биде срушена, но планот е променет и продолжува да служи како атракција“, открива порталот „Rusija Beyond“.
Тие исто така додадоа дека Каjазин е основан во 12 век и со текот на времето се развил во просперитетен трговски и индустриски град.
На островот може да се стигне со брод, при што љубопитните можат да дознаат повеќе за изгубените споменици и зградите што „спијат“ под Волга.
Практиката на потопување на селата и градовите во време на болшевиците не беше туѓа. За да изградат „нова и подобра“ Русија, создаваа вештачки езера и хидроцентрали.
.Ова не е единствено место што исчезна под вода. Во Русија се потопени многу градови и села за да се создадат вештачки езера.