Сакале да ја реновираат кујната и нашле покривка под подот: Она што го откриле ги воодушевило, ова е нивниот следен чекор

Купиле куќа и планирале да ја реновираат за да направат нов дом, но она што го пронашле внатре целосно ги шокирало

Млад брачен пар објави неверојатно видео на TikTok во кое тие како нови сопственици на куќата откриле бунар стар 126 години под подот на нивната кујна, длабок повеќе од 6 метри.

Имено, 28-годишната Ема Харисон и 27-годишниот Рис Стајнер ја реновирале кујната кога наишле на ова шокантно откритие. Откако се вселиле, парот прво отворил капак на подот во кујната каде го откриле бунарот, потоа ја измериле длабочината со конец и шолја за кафе, а сега го обновуваат со додавање стаклена обвивка за да ја истакне неговата викторијанска архитектура. Куќата датира од 1897 година, па претпоставуваат дека бунарот бил изграден во исто време како извор на вода за домаќинството.

@victoriahouseinthehills Investigating the well under our kitchen floor  #renovation #victorianhome  #victorianrenovation #victorianrenovationuk #DIY #hiddengem #quirkyhouse #welltok #waterwell A Day in My Life - Soft boy

Нивното видео, споделено на TikTok, стана вирално со повеќе од 8,2 милиони прегледи и над 357 илјади лајкови. „Ние ги сакаме имотите од тој период и ова беше прекрасно откритие“, рече Ема. За жал, бунарот бил затворен од претходните сопственици, но парот откри дека планира да го поправат.

Бунарот е сè уште функционален и е полн во зима и наесен, додека нивото на водата опаѓа во текот на летото. Иако водата се‘ уште не ја тестирале, Ема вели дека е бистра и чиста и дека изгледа како природна изворска вода.

По објавувањето на видеото, многу луѓе го коментираа ова откритие, некои не го криеја задоволството додека други го изразија стравот од откритието. Едно лице напиша: „Твојот сопруг е храбар стои над дупката“, додека друга додаде: „Никогаш не би останала во куќата по вакво откритие“. Некои дури рекоа дека сето тоа ги потсетува на сцени од хорор филмови, додека други признаа дека би се чувствувале преплашени доколку се на нивно место.


Фото и Видео: ТикТок