Забава // Занимливости
Самиот Навални откри како е отруен: Завера од големи размери
- 17 Септември, 2020
Алексеј Навални, најголемиот руски опозиционер кој беше отруен минатиот месец, објави видео на „Инстаграм“ во кое тврди дека бил отруен со шише вода во хотелската соба во Томск каде што престојувал пред летот на кој му се слошило.
Во објавата се наведува дека шишето вода од кое пиел е едно од бесплатните шишиња што му биле оставени на Навални во хотелот.
Навални се разболе на лет за Русија минатиот месец и беше пренесен во Берлин на лекување неколку дена подоцна. Германија потврди дека е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.