Само што дојде на Флорида, Меланија Трамп стана хит: Повеќе не може да ја запре жива сила

МЕЛАНИЈА Трамп беше една од луѓето за кои најмногу се зборуваше на Твитер вчера. Поранешната прва дама и нејзиниот сопруг полетаа од Вашингтон до Флорида, а веднаш по слетувањето стана хит на Твитер поради нејзиниот потег.

Имено, Доналд Трамп застана на излезот од авионот, им позираше на фотографите и ги поздрави новинарите, а Меланија само продолжи. На Твитер се појавија бројни шеги, но и шпекулации дека Трамп веќе добил барање за развод во авионот.

„Официјално заврши“, „Словенката повеќе не е*е жива сила“, „Можете да видите дека и е доста од сè“, се само некои од смешните коментари на Твитер.