Се доселил на пуст остров и видете што направил
Џадав Пајенг од Индија кој живее на најголемиот остров на реката Брамапутра, Маџули, решил да сади по едно дрвo секој ден.
Тој на островот се доселил пред 4 децении.
Шумата која тој ја создал сега покрива површина од речиси 550 хектари. За споредба, Централ Парк во Њујорк се протега на само половина од таа површина.
Индиец направил островот повторно да наликува на оаза полна живот. Со враќање на вегетацијата, на Маџули се врати и фауната. Сега таму живеат стотици слонови, како и голем број тигри, носорози и елени.
Речниот остров Маџули повторно наликува на тропски рај, а Пајенг е најодговорен за овој „препород“.
За него во 2013 година е снимен и краток документарен филм.Неконтролираната сеча на дрвја минатиот век придонесе Маџули – од богата шума да се претвори во пустина, без скоро никаков животински и растителен свет. Островот е под постојана закана од ерозија на тлото, а работите се искомплицирале по големата поплава која 1965 година, која го опустоши островот каде живеело семејството на Пајенг.