Се обиде да ја победи природата: Но, 40 милиони луѓе умреа поради него

Мислеше дека врапчињата се штетници што им ја ускратуваат храната на неговите гладни луѓе. Тој одлучи да ги истреби и предизвика една од најголемите катастрофи во поновата историја.

Еколошките катастрофи се чести во историјата на човештвото, но ретко може да се споредат со онаа од 1958 година, кога лидерот на Народна Република Кина, Мао Це Тунг, нареди убиство на сите врапчиња во земјата!

Мао одлучи дека врапчињата се штетници кои јадат премногу жито, а нивното истребување би значело повеќе храна за жителите на Кина. Акцијата ја нарекол „Кампања против четири чуми“, каде вклучил стаорци, муви, комарци и врапчиња.

Населението започнало масовно да ги убива овие животни, била спроведена мобилизација и тие користеле тапани за да ги исплашат птиците кога слетувале, па умирале од исцрпеност при постојан лет.


Луѓето би уништувале гнезда на врапчиња и ќе ги пукале во лет, па видот бил речиси во изумирање, што следната година довело до голем пораст на бројот на инсекти на полињата што ги јаделе врапчињата.

Бројот на скакулци се зголемил толку многу што ги уништил посевите и настанал голем глад. Се проценува дека 40 милиони Кинези умреле од глад! Големиот глад и денес е забранета тема во Кина. Мао се обиде да ја победи природата, а милиони луѓе платија премногу висока цена за тоа.


извор:beograd.in
фото:PIXABAY