Се омажи на 19 години, а од големата трагедија едвај се опорави: Животната приказна на Кока од „Подобар живот“
Улогата на Кока во култната југословенска ТВ-серија „Подобар живот“ до таа мера ѝ ја одбележа кариерата, што луѓето и денес така ја нарекуваат. Актерката Јелица Сретеновиќ отсекогаш знаела дека ќе биде актерка, што дури го запоставила средното училиште за подобро да се подготви за приемниот испит на Факултетот за драмски уметности.
- Толку бев сигурна во мојата животна определба што никогаш не размислував за друга опција. Се сеќавам дека дури добив шамар од секретарот на училиштето кога ме праша дали сум нормална што уште во втора година сакам да се отпишам од гимназија - изјави Сретеновиќ во едно интервју.
Додека нејзините врсници оделе во трета година средно, таа станала студент. Како што и самата нагласи во една прилика, во животот отсекогаш ѝ се брзало, па на 19 години стапила во брак. Нејзиниот сопруг Милош Сретеновиќ всушност бил школски другар на нејзината тетка.
Кога била трета година на факултет останала бремена, но не престанала да оди на предавањата се’ до една недела пред породувањето.
- Ана се роди во април, а во мај имав сериозен и обемен испит. Нормално дека отидов да полагам и добив деветка. Се’ се може ако се сака - откри славната Кока која ја има и ќерката Оља.
Смртта на сопругот тешко ја поднела, но сила да продолжи понатаму и дале двете ќерки, а подоцна и внуците.