Се продава оваа куќа убавица во Македонија: Да беше во Холивуд, би дале и до 5 милиони долари

Ако не се сајтовите за недвижнини кои ги има во голем број кај нас, нема ни да знаеме какви куќи постојат во Македонија. А, има такви раскошни кои изгледаат како оние што ги гледаме на филмовите или во видео спотовите на планетарно познатите светски личности. 

Некои од таквите зданија со невројатен луксузен изглед се продаваат, а за да може добро да се продадат, на располагање има и пригодни фотогрфии за нивна илустрација. 

На популарниот сајт Пазар 3  наидовме на ваква понуда и ваква убавина од стилска уметничка куќа, вила, палата или што и да е... Толку добро осмислена, што за ваква убавина на запад би дале и до 5 милиони долари.

Зданието е во населба Бардовци.
Куќата е на три спрата, двор со хортикултура, два базени, голема тераса.Во куќата има и сауна.

Линк до огласот: https://www.pazar3.mk/oglas/zivealista/kukji-vili/prodazba/skopje/karpos/se-prodava-elitna-kukja-vo-bardovci/5228910


- 350 м2 куќа
- двор 900м2
- 3 ката
- 3 спални
- 4 бањи
- дневна+кујна+трпезарија
- греење на струја
- 6 паркинг места
- два базени (внатрешен и надворешен)
- сауна


цена: 600000 евра