Се шокирал кога се здогледал на кутија за цигари: Сè започнало додека тој бил на хемотерапија

Јувенал Барето Родригез (74) бил повеќе од изненаден кога купил кутија цигара и сфатил дека гледа во неговото лице. Без дозвола од Јувенал, Министерството за здравство и Институтот за превенција од карцином ја искористија неговата фотографија и ја ставија на кутија цигари.

На 74-годишниот Колумбиец му беше дијагностициран рак на белите дробови во 2005 година, а за време на еден третман со хемотерапија, медицинските сестри му пристапија и го замолија да им дозволи да го фотографираат.

- Некои медицински сестри ми пријдоа и ми рекоа дека во однос на другите пациенти, јас сум најспремен да се фотографирам - се сеќава Родригез на моментот во кој е направена сликата и дека истите тие медицински сестри подоцна го замолија да потпише некои „медицински документи“. Пациентот се согласил и бидејќи не знае да чита, не бил свесен што потпишува.

Колумбиецот, кој тврди дека не пуши и дека не добил рак на белите дробови поради цигари, туку вирус што го нападнал неговото тело, смета дека употребата на неговата фотографија во кампањата против пушењето создава лоша слика за него. Сите во соседството го нарекуваат „човек од цигара“, што не му се допаѓа воопшто.

Тој го презентираше својот случај пред Градскиот совет, кој донесе одлука дека Министерството за здравство и Институтот за превенција од карцином го нарушиле неговиот углед, како и дека го користеле фактот дека Родригез не знаел да чита и пишува.

Тие исто така наредија да се отстрани неговата слика од кутијата за цигари. Сепак, странските залихи на овие пакети се уште се во продажба.


извор:beograd.in