Се скрива ли тајната на лекот против коронавирус во антителата на поранешните пациенти?

Тим на кинески научници изолирале неколку антитела за кои тврдат дека се „исклучително ефикасни“ во блокирање на можноста на новиот коронавирус да навлезе во клетките, што може да помогне во лекување и спречување на „Ковид-19“.

Во моментот, не постои докажан ефикасен лек за овој вирус, кој потекнува од Кина и зарази повеќе од 950.000 луѓе и ги однесе животите на повеќе од 48.000.

Zhang Linqi од универзитетот Цингуа во Пекинг вели дека за лекот направен од антитела, кој што се откриени од неговиот тим, би можел да се користи поефикасно отколку сегашните пристапи за лекување на коронавирусната болест, вклучително е и употреба на плазма од пациенти кои развиле Covid-19 и развиле антитела против овој вирус.

Тимот наZhang, заедно со експертите во 3-та народна болница во Шенжен, започна да анализира антитела од крвта на лица кои се опоравуваат од „Ковид-19“ на почетокот на јануари и изолира 206 моноклонални антитела кои покажаа, како што тој опиша, силна можност за врзување со вирусните протеини .

Потоа, тие испитуваа дали тие всушност можат да спречат вирусот да навлезе во клетките, изјави тој за Ројтерс.

Меѓу првите 20 тестирани антитела, четири беа во можност да го спречат вирусот да навлезе во ќелијата, а од овие четири две беа „исклучително добри“ во тоа, вели Zhang.

Тимот сега се фокусираше на откривање на најмоќните антитела и нивно можно комбинирање за да се намали ризикот од нова мутација на коронавирусот.

Ако се оди добро, заинтересираните би можеле да започнат со масовно производство за тестирање, прво на животни, а потоа и на луѓе.

Тие се здружиле со американско- кинеска компанија за биотехнологија „Brii Biosciences “ за да создадат нови лекови- кандидати за превенција и третман на болести, објави Бри.

Важноста на антителата е докажана во медицината со децении, вели Zhang. Тие можат да се користат за лекување на рак, автоимуни заболувања и заразни болести.

Антителата не се вакцини, но исто така може да се администрираат кај лица со ризик за да  спречат да развијат Covid-19.

Обично трае околу две години за да може лекот да достигне фаза на одобрување за употреба кај пациенти, но пандемијата „Ковид-19“ значи дека работите одат побрзо, вели тој, додавајќи дека сега фазите на испитување што претходно се одвивале во низа, се случуваат во исто време.

Zhang, кој откритието го пласирање онлајн, се надева дека антителата можат да бидат тестирани на луѓето за шест месеци.

Другите експерти повикуваат на претпазливост.

Постојат голем број на чекори што мора да се преземат за да се искористи како лек за пациенти со коронавирус, вели специјалистот за заразни болести на универзитетот во Хонг Конг, Бен Каулинг.

Но, возбудливо е да пронајдете нови можни лекови, а потоа да имате можност да ги тестирате. Ако можеме да најдеме повеќе кандидати за лекови, би можеле да имаме подобар третман, додава Каулинг.