Забава // Занимливости
Се сруши воен авион Миг 21 во Србија: Неофицијално- пилотот загинал
- 25 Септември, 2020
Во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, Србија авион на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање, соопшти Министерството за одбрана.
На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.
Некои локални медиуми објавија дека пилотот загинал, но тие исто така изјавија дека се чека официјална потврда на тие информации.
Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал ИнфоЛо.