Село во кое сите куќи се замоци, а жителите голи и боси: Нема да верувате со што се занимаваат луѓето кои живеат во овие куќи

Селото Бузеску во Романија е село со вили и замоци, а жителите се луѓе кои купуваат секундарни суровини...

Дали сте слушнале за Бузеска, најголемата ромска населба во светот? Во таа романска населба, ромските палати се редат како печурки по дождот.

И како жителите на тоа гратче ги добиле парите од кои градат кули и градови? Собирање секундарни суровини, продажба на старо железо и ангажирање во мали занаети.

Куќите украсени со високи мермерни столбови, кули и покриви слични на пагоди во романската внатрешност се бројат во илјадници.


Таканаречените ромските палати среде поле или изгледаат непримерно и бизарн, но помеѓу маргинализираните и главно сиромашни припадници јасно ја откирваат тежината за поголем статус.

Ромските палати почнаа да никнуваат во раните 90-ти години на минатиот век, по падот на комунизмот, поединци од ромската заедница добиваа пари, најмногу со собирање и продавање старо железо и со мала трговија, пренесува Хина.

Фасадите често се украсени со знаци на долар или мерцедес бидејќи се сметаат за симболи на богатство.

Фантативен успех

Романскиот архитект Рудолф Граеф вели дека стилот на „ромските палати“ не треба да се отфрли иако се доживува како апсолутен кич.

Покривите, на пример, кои потсетуваат на азиските храмови, всушност се „претерување“ на типични романски архитектонски елементи, објаснува Граф.

Стиловите варираат од регион до регион. Во централна Романија, ромските палати се инспирирани од католичките цркви, на југозапад се копии на неокласични градби, а на исток и југ се толкуваат традиционалните куќи на болјарите, односно поранешната аристократија.


Понекогаш тие се и копии на постоечки згради, како онаа во селото Бузеску, сто километри јужно од Букурешт.

Таму, Ден Финуту, богат член на локалната ромска заедница, ја направил својата куќа како модел на судот каде што бил осуден за измама во 1990-тите.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Stil.kurir.rs

Село во кое сите куќи се замоци, а жителите голи и боси: Нема да верувате со што се занимаваат луѓето кои живеат во овие куќи