Сепак нѐ посетија: Кои беа државниците од А класа кои ја удостоија земјава?
Светски
државници често ја заобиколуваат земјата при посетите на регионот и се задоволуваат со тоа
што тука има мир. Но и кога имаше немир, ретко не‘ посетуваа
оние од највисок ранг. Сепак, ја имавме честа да ги нагостиме едни од
најголемите. Некои од нив се уште го „дрмаат“ светот. Во продолжение, некои од политичарите и врховните водачи кои згазнаа на македонско тло:
Челичната дама, „Претседателката на Европа“ или германската канцеларка Ангела Меркел не‘ удостои во 2018 година. Нејзината посета беше кратка но плодна.
Поранешниот Американски претседател Бил Клинтон во 1999 година, оствари средбата со тогашниот македонскиот претседател Киро Глигоров, а беше дојден по повод косовска бегалска криза.
Македонскиот претседател Киро Глигоров во 1999 година се сретна во Скопје и сотогашната американската државна секретарка Медлин Олбрајт.
Истата година, се сретна и со Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан.
Киро Глигоров ја поздравува првата дама на САД, Хилари Родам Клинтон, која пристигна на еднодневна посета на Македонија со нејзината ќерка во јуни 1999.
Поранешниот Претседател на Италија Оскар Луиџи Скалфаро и Претседателот Киро Глигоров, во Скопје.
Поранешната британска премиерка Тереза Меј исто така беше во посета на Македонија во 2018 година.
И актуелниот Папа на Римокатоличката црква- Францис беше дочекан лани во Скопје пред огромен број луѓе.