Сестрата дојде да го преземе имотот на починатиот брат, па доживеа хорор: Еден човек умешал прсти во сè
Насилникот најпрвин ѝ кажал на полицијата дека парите се подарок, но подоцна признал прекршоци кои вклучуваат пет измами и една кражба
Маж од Англија кој се преправал дека е починат сосед за да ја украде неговата заштеда е осуден на две години затвор, пишува „Lad Bible“. Измамата била откриена во 2019-та година кога сестрата на починатиот го барала неговиот имот.
Дин Томсон (54) беше „неофицијален негувател“ на својот сосед Дејвид Трејлен две децении пред да почине во 2017-та година на 78-годишна возраст. Камионџијата од Хал потоа две години ги трошел украдените пари на својот починат „пријател“.
Откако ја пријавил смртта на Трејлен во Градското собрание, Томпсон стапил во контакт со „First Direct Bank“, лажно претставувајќи се како пензионер, со цел да побара од неговата штедна сметка да се префрлат 28.000 фунти на неговата тековна сметка.
Томсон ѝ рекол на банката дека е многу болен и дека сака да си ги среди средствата пред да си напише чек од 25.000 фунти.
На судењето беше кажано дека возачот ги користел како готовината за дневната потрошувачка на неговото семејство, а потоа собрал дополнителни 6.367 фунти користејќи ја дебитната картичка на Трејлен. Тој на крајот дошол до уште 30.000 фунти од ненаплатените обврзници на Трејлен во октомври 2019-та година.
Меѓутоа, во ноември истата година, сестрата на Трејлен, која живеела во Нов Зеланд, дошла да го бара имотот на нејзиниот брат.
За ликвидација на имотот бил ангажиран адвокат, по што на виделина излегле постапките на Томпсон. Откриено е дека од сметките на Трејлен украл вкупно 61.356,25 фунти.
Насилникот прво ѝ рекол на полицијата дека парите се подарок, но подоцна признал прекршоци кои вклучуваат пет измами со лажно претставување и една кражба.
При изрекувањето на пресудата, судијата го наведе фактот дека Томсон навистина се грижел за Трејлен како олеснителна околност. Но, отежнувачка околност било што веднаш по смртта ја злоупотребил довербата и извршил софистицирана измама која била планирана долго време.
Извор: www.espreso.co.rs