Северна Кореја и Ким Џонг Ун: Првиот автомобил го добил на 7, а за првиот пиштол чекал до 11 - от роденден
Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, го умреа и оживејаа 100 пати- барем според медиумите кои бараат сензации.
Ама, Севернокорејската државна телевизија почна да емитува снимка од големата воена парада одржана рано утрово по повод 75-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја.
Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун одржа невообичаено обраќање заблагодарувајќи им се на помошта на оние кои ја пружиле за да се надминат штетите кои летово ги нанесе големата бура, според снимките емитувани на телевизијата.
Едноставно, тој е инкогнито, но има работи за него кои се знаат, ама се ретки.Минатата година во САД е објавена неавторизирана биографија за севернокорејскиот диктатор. Ја напишила Ана Фијфилд, шеф на бирото на Вашингтон пост во Пекинг. Книгата се вика „Големиот наследник: Боженствено совршената судбина на брилијантниот другар Ким Џонг Уј“, а открива досега сосема непознати детали за чудниот и осамен живот на диктаторот, кој се вртел околу моќта и привилегиите, пишува Express.
Во извадокот објавен во Вашингтон Пост, детално е опишан периодот кога Ким имал шест години, а авторката разговарала и со неговите роднини кои побегнале од Северна Кореја пред скоро две децении. Шестгодишниот Ким Џонг Ун стоел покрај масата за билјард во кралската резиденција Синшон, јужно од Пјонгјанг, една од десетината згради во комплексот на палатата, резервирана само за првото семејство на Северна Кореја. Тој и неговиот постар брат, Ким Џонг Чол чекале нивниот татко да излезе од состанок со некои државници.
Биле облечени во детски униформи, маслинесто зелени костими со златни копчиња и црвени линии на ногавиците. Глумеле мали генерали. Кога нивниот татко влегол во собата, тие стоеле во став мирно и го поздравиле со војнички поздрав, со сериозен израс на своите бумбарести лица.
Ким Џонг II бил воодушевен и сакал да ги престави децата на службениците и домажниот персонал пред да влезат во соседната трпезарија. Сите се построиле за да ги запознаат неговите синови, кои ги нарекувале „мали принцеви“. Кенџи Фуџимото, кој се преселил од Јапонија во Северна Кореја за да прави суши во кралските домаќинства, бил последен во редот.
Станувал сѐ повеќе нервозен кога му се приближувале децата, срцето започнало да му чука сѐ побрзо со секој нив чекор. Џонг Чол бил прв. Фуџимото ја пружил раката кон помалото дете. Тоа не било толку добро воспитано. Наместо да се ракува, Џонг Ун гледал во него со остар поглед кој како да веле: „Ти си гнасен Јапонец“.
Куварот бил шокиран и збунет од погледот со кој го гледал едно дете од шест години. По неколку секунди кои болно се одолжиле, Ким Џонг II интервенирал и ја спасил ситуацијата. „Ова е господин Фуџимото“, поттикнувајќи го помалиот син конечно да се согласи на ракување, иако без многу ентузијазм. Куварот помислил дека можеби постои некоја причина. Можеби го изеле сушито кое го подготвил и можеби некој им кажал дека го направи „Фуџимото од Јапонија“.
Ким Џонг Ун израснал во затворен свет каде што сѐ се вртело околу него и имало само луксуз. Во кујните имало француски колачи, димен лосос, паштета, тропско овошје, носеле специјално дизајнирана облека, од најфините ткаенини. Забите ги миеле со квалитетна паста за заби, според сеќавањата на роднините кои живееле во домот на постариот полубрат Ким Џонг Ун.
Имаше Сони телевизори, компјутери и видео ихри за да би можеле да ја ихраме Супер Марио. Во секоја куќа имаше флипери и големи клавири. Децата имаа големи игротеки исполнети со повеќе играчки од било која европска продавница за играчки. Имаше сѐ што може да замислите, но Ким Џонг Ун исто така имаше вистински автомобил и вистински пиштол: автомобил кој неговиот татко посебно го прилагоди за момчето да може да го вози уште на седум години.
Исто така имаше пиштол Colt .45 кој го носел откако наполнил 11 години. Во куќите имале звучно изолирани кина со дрвени облоги за да има подобра акустика и кадифена завеса која се креваше кога ќе се изгасеа светлата.