Шефот на „албанско-косовската“ мафија го поштеди Меси
Шпанскиот новинар Карлос Килез направи интервју со шефот на „албанско-косовската“ мафија кој ги ограби куќите на најдобрите светски фудбалери.
Меѓу куќите што ги опустоши се и оние на Карим Бензема, Кристијано Роналдо и Јохан Кројф.
Шефот на мафијата признал дека зад себе има армија од крадци од над 100 луѓе, а во интервју за „Ел Еспанол“ рекол:
„Во куќата на Јохан Кројф, украдов часовник што му припаѓаше на Денис Бергкамп, некои ситници на Хермес... и околу 20.000 евра плен. Тоа беше споредна куќа. Немаше безбедносни камери или аларми. Кога влегов, јас сфатил чија е куќата“, рекол мафијашкиот бос и додал:
„Исто така, стоевме зад грабежот на куќата на Кристијано Роналдо во Мадеира, но пленот не беше интересен. Социјалните мрежи се непријател број еден на познатите личности. Само сакам да кажам дека јас не ја ограбив куќата на Серхио Рамос, тие знаат кој ја направил тоа."
Мафијашкиот бос откри дека не сакал да ја ограби куќата на Лионел Меси иако тоа му било понудено.
"Неколку пати запирав луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Меси. Го направив тоа и горд сум. Но го направив тоа од почит кон Меси. Затоа што го сакам, точка - изјави мафијашот.