Што се случува со Хрватска: Земјотреси ја дрмаат, а сега и Оркански ветрови се закануваат
Хрватска се справува со природни непогоди
Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала вчера го погоди Загреб, изјави директорката на хрватската Сеизмографска служба Инес Иваничиќ.
Според неа, потресот се случил во 6:28 часот, а епицентарот се наоѓал 14 километри североисточно од Глина, во близина на Петриња.
Земјотресот се почувствувал и во Риека и во Сисак, каде голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Во целиот град се огласиле аларми на автомобилите, а според првичните информации, во становите е причинета значителна штета.
Според Европската сеизмолошка служба, потресот бил со интензитет од 5,2 степена и епицентар 12 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километра под површина на земјата.
А, по серијата вчерашни земјотреси во централниот дел на Хрватска, земјата се тресеше и на островот Вис, јавуваат тамошните медиуми.
Како што пренесува „Вечерњи“, во 5:18 часот наутро хрватската сеизмолошка служба открила умерен земјотрес од 3,1 степен според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил на околу 10 километри западно-југозападно од градот Вис, со интензитет од 4 степени според скалата ЕМС.
Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во јужна Далмација.
А токму во Далмација налетите на Оркански ветрови создадоа бранови на отворено море високи до шест метри, додека крај крајбрежната област беа помеѓу два и четири метри. Метеоролошката станица регистрирала неколку часовени силни ветрови во областа на Сплит, изјавија од агенцијата Хина во хидрометеоролошкиот институт во Сплит. Морето се излеа на брегот во Каштел Гомилица, каде што водата влезе во куќа, па интервенираа и пожарникарите